СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Турската лира падна на најниско ниво во историјата

Турската валута падна на најниското ниво во историјата, а американскиот долар порасна во однос на лирата до ниво кое не е видено речиси две години.

Ова се случи откако банкарскиот регулатор во земјата одлучи да го ограничи пристапот на странските инвеститори за трансакции деноминирани во лири.

Валутата беше под зголемен притисок како резултат на растечката инфлација, зголемена невработеност и бавен раст, пренесуваат тамошните медиуми.

Турција сега има најголем број на случаи на коронавирус во регионот на Блискиот исток.

Централната банка на Турција повлече милиони долари од своите девизни резерви за да купи лири и да ја поддржи вредноста на валутата спрема доларот, а во вторникот банкарскиот регулатор најави нови ограничувања за странците кои вршат трансакции со лири, во обид да ја спречат шпекулативната трговија.

Тој потег имаше негативен ефект: лирата падна во наредните два дена, доларот вчера се зголеми на вредноста од 7,49 лири за време на утринското тргување во Лондон – што ја надмина рекордната ниска вредност на турската валута од 7.236 лири за долар во екот на валутната криза во август 2018 година.

Поврзани вести

Судот ја усвои тужбата на акционерите на Стопанска Банка Скопје

Влатко Зорба

Не се плашиме од смрт од корона, туку како да преживееме: Во Италија први случаи на самоубиство заради еконопски колапс

Ангеловска: Мерката ослободување од плаќање аконтации за самостојни вршители на дејност продолжува и во јуни и јули