Стандард
ЕКОНОМИЈА

Туристичко-угостителскиот сектор ДОБИЛ над 37,6 милиони евра помош од државата

Туристичко угостителската комора на Македонија денеска најави дека ќе продолжат протестите на угостителите, затоа што, како што велат, се незадоволни од помошта што државата им ја давала.

Овој сектор беше еден од првите на удар од корона-кризата, но и првиот од секторите кои добија државна помош за справување со последиицте од кризата.

Ако се направи анализа за досегашната вкупно исплатена помош ќе се увиди дека во 2020 година кон овој сектор се исплатени над 37,6 милиони евра од вкупно 350,445 милиони евра колку што изнесувале директните плаќања од Буџетот на државата.

Во проценти, 10,73 отсто од вкупната помош во 2020 година завршила во секторот Угостителство и туризам.

Овој сектор во БДП на државата учествува само со 1,54 отсто, па ако се спореди помошта што им е исплатена во 2020 година се гледа дека секторот Угостителство и туризам е поддржан седумкратно повеќе од она што придонесува во македонската економија.

Овие податоци покажуваат дека секторот Угостителство и туризам е еден од најподдржуваните сектори во време на криза, далеку повеќе од другите сектори кои се соочија со последици од коронакризата, па оттаму, неразбирливо е зошто Туристичко угостителската комора е незадоволна од поддршката, особено имајќи го предвид фактот што државата најави дека помошта ќе продолжи и во следниот период.

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори, инаку утре ќе ги презентираат барањата за мерки за поддршка на туристичкиот сектор, со најава за радикализација на делувањето.

„Секторот туризам е еден од најпогодените сектори во периодот на пандемијата, за нашите државјани се затворени границите на речиси сите европските држави, а поради рестрикциите во другите држави нема ниту странски туристи. Приходите во изминатите 13 месеци се со пад од 85% до 100%, додека трошоци се уште се акумулираат“, велат оттаму.

Поврзани вести

ЕИБ обезбеди 100 милиони евра поволни средства за малите и средни претпријатија

Влатко Зорба

Распишан нов јавен повик за реконструкција на 35 локални улици во 21 општина со вредност од околку 7 милиони евра

Влатко Зорба

Ако има втор бран на коронавирусот, пад на светскиот БДП од 7,6 отсто

Stefanija Kuzmanovska