СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните шокирани од новите цени на маслото за јадење, Витаминка вели „берзата диктира“

За две години цената на маслото за јадење на домашниот пазар пораснала за 28,6%. Половина од тој раст е направен во последните шест месеци, односно пораст од речиси 15 % е регистиран во периодот од октоври 2020 до сега, анализира невладината Finance think.

Изминативе денови граѓаните ги шокираа новите цени на маслото за јадење. Од 60-70 денари за литар колку што се продаваше лани, маслото денес достига цена од 95-115 денари за литар во зависност од квалитетот.

Од компанијата „Витаминка“, за „Стандард“ ги образложуваат причините за поскапувањето и целокупната ситуација поврзана со маслото.

Цената на маслото на светските берзи е во постојан раст во последниве две години, велат од таму, а ова е особено изразено во последните 7-8 месеци.

„Сончогледот како и сочогледовото масло е берзански производ со којшто „Витаминка” редовно се снабдува како сиров производ од увоз. Со предвремената набавка на големи количини, успеавме да ја одржуваме пазарната цена. Растењето на берзанската цена на маслото е резултат на глобалниот недостиг на сирово масло предизвикан од сушните периоди во континуитет изминатите неколку години”, велат од компанијата.

Проценките дали цената ќе продолжи да расте, од „Витаминка“ посочуваат дека не е во нивниот домен на одлучување, но веруваат дека овој бран нема да трае уште долго и во толку драматичен обем.

Берзанските случувања според нив, се одлучувачки и во анализите дали е можно цената на маслото да се врати на претходните нивоа.

„Ние се движиме во пропорција со движењето на цената на сировото масло на светските берзи и секој пораст, намалување или корекцијата на цените е во согласност со ваквите случувања на пазарите, но никогаш на товар на потрошувачите и секогаш се обидуваме, со правилно и добро менаџирање на набавките, тоа да го нивелираме и колку што може повеќе да ја одржиме цената на маслото”, велат од „Витаминка”.

Маслото Брилијант е се уште наменето само за домашниот пазар бидејќи главна цел е да се снабдат граѓаните со вискоквалитетно масло за јадење. Од компанијата посочуваат дека на пазарот има голем број увезени масла а како проблем со конкуренцијата ја посочуваат цената.

„Тој дел од пазарот потребно е да се регулира за општо добро, на корист на производителите но и на граѓаните. Би сакале, не само за маслото за јадење, туку воопшто сите македонски извозни производи да добијат реципроцитетен однос и да го имаат истиот пазарен третман и предност на увезени производи како странските кај нас“, велат од „Витаминка”.

Само во 2020 година, цената на сировото сончогледово масло се зголеми за 16,4 % во четвртиот квартал, споредено со првиот квартал од годината, додека во првиот квартал од 2021 година зголемувањето е за цели 35,7 % во однос на првиот квартал од 2020 година. Евидентно е дека само во последните 6 месеци, од август 2020 до март 2021 година цената на маслото е скоро дупло зголемена.

Од невладината „Financethink“ потенцираат дека земјите без домашно производство на растителни култури за производство на масло, како сончогледот, се директно изложени на глобалните шокови врз цените.

К.В.С.

Поврзани вести

Хрватска би можела да го воведе еврото во 2023 година

Stefanija Kuzmanovska

ССМ: По прогласување на вонредна состојба, работниците имаат право на платен одмор

Пазарниот инспекторат најави кривични пријави за оние кои викендов ќе издаваат соби