СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Хакери имаат нов начин за прислушување на Android, експерти ве советуваат да ги ажурирате телефоните!

Поради нов, неодамна откриен, безбедносен пропуст во уредите со Android, околу половина од сите корисници би можеле да бидат мета на хакери, кои можеле да ги слушаат нивните разговори или да ги читаат нивните пораки.

Бројни неодамнешни напади врз уреди со Android се извршени преку лажни или малициозни апликации, кои би испраќале информации од уредот по инсталацијата. Овој нов вид напад, сепак, изгледа многу посериозен, бидејќи инсталира одредени компоненти во самиот уред.

Безбедносните експерти од „Чек Поинт“ открија малициозен софтвер инсталиран во модемот на американската компанија „Qualcomm“. Нивните компоненти ги користат телефоните Samsung, OnePlus и Google, па се проценува дека пропустот може да влијае на 40 проценти од корисниците на телефони со Android.

Mobile Station модемите на Qualcomm се виновни за ранливоста, серија на мобилни чипови одговорни за примање и испраќање Интернет сигнали. Истрагата покажа дека пропустот може да овозможи уредот да се контролира „од страна“.

Хакерите можат да вметнат малициозен код директно во модемот, давајќи им можност на корисниците пристап до историјата на повици и СМС-пораките. Уште позагрижувачки е фактот дека компјутерските криминалци би можеле да го искористат овој пропуст за да прислушкуваат разговори на корисници.

Проблемот го потврди и самиот Qualcomm, посочувајќи дека станува збор за ранливост на високо ниво, за кое се известуваат сите производители кои ги користат нивните компоненти.

Експертите ги советуваат корисниците да ги ажурираат своите уреди до најновото безбедносно ажурирање, додека Qualcomm истакнува дека одредени ажурирања, во соработка со производителите, веќе се имплементирани.

Поврзани вести

Samsung Galaxy S20 + ќе има 120Hz дисплеј, но не и приклучок за слушалки

msp-admin

Google развива нов Android наречен MicroDroid

Влатко Зорба

Европската агенција за темелни права алармира за ризиците од технологиите за препознавање на лица

msp-admin