СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нови телефони на BlackBerry, со класични тастатури и 5G, пристигнуваат оваа година

Партнерството помеѓу BlackBerry и TCL заврши минатата година. По неколку месеци, на сцена стапи нова компанија – OnwardMobility, која најави дека ќе дизајнира и продава телефони со бренд BlackBerry во текот на 2021 година. Сега извршниот директор на компанијата потврди дека тоа ќе се случи.

Новите телефони ќе бидат лесни за препознавање – тие ќе имаат класични хардверски тастатури BlackBerry. Внатре ќе се најде модерен хардвер, вклучително и поддршка за 5G мрежи.

Во моментов, OnwardMobility работи со Foxconn за развој на првите модели. Новите уреди ќе бидат објавени во Северна Америка и Европа, а исто така ќе бидат достапни и во Азија. Нема специфичен датум на објавување, освен за општиот период во текот на 2021 година.

Главниот фокус на новите телефони на BlackBerry ќе биде безбедноста – OnwardMobility ќе го искористи децениското искуство на BlackBerry за да создаде безбедни комуникациски услуги за корпорациите.

Поврзани вести

Патент на OnePlus го навестува дизајнот на идниот часовник на компанијата

Влатко Зорба

HarmonyОS: Huawei го претстави новиот концепт на поврзување за поедноставен живот

Влатко Зорба

Европа се обидува да ги забрза своите вложувања во водород, 5G и блокчејн

Stefanija Kuzmanovska