СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Бескаматни кредити и поддршка за исплата на платите за компаниите во петтиот пакет мерки

Во петтиот пакет ќе бидат опфатени и двете мерки за помош на компаниите – и бескаматни кредити и поддршка за исплата на платите, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју за државната агенција МИА.

„Ќе се реализираат и двете мерки, значи ќе продолжи и мерката за финансиска поддршка на исплата на платите согласно методологијата и механизмите кои бе предвидени во четвртиот сет на економски мерки. Тоа значи дека ќе се исплаќа скалесто на сите компании кои имале пад на нивните приходи од 30 до 80 отсто, но истовремено ќе има и механизам на бескаматни кредити кои ќе бидат спроведени преку Развојната банка за таргетирани дејности кои согласно податоците кои ги имаме од различни институции имале поголем пад на приходите во нивната работа, но и во дејностите кои биле затворени во време на пандемијата со одлука на Владата“, објаснува Бектеши.

За отпишување на каматите, вели министерот, се одлучиле бидејќи имаат информации дека одредени семејства и граѓани речиси имаат поголем долг врз основа на заостанати камати отколку што им е главницата на долгот и тоа го префрлуваат на наредните генерации.

„Затоа сакаме еднаш засекогаш да ги избришеме долговите врз основа на камати, а дополнително да им дадеме можност на граѓаните на 12 месеци да го репрограмираат основниот долг што е постар од три месеци“, додава Бектеши.

Поврзани вести

Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка твининг проект финансиран од ЕУ

msp-admin

Ангеловска-Бежовска: Депозитите на граѓаните се безбедни

Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции: Стопанска Банка ги девалвира и законите и теоријата

Влатко Зорба