СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Властите на 23 држави во светот побарале пристап до технологија за следење контакти од Епл

Властите на 23 држави во светот побарале пристап до технологија за следење контакти од компаниите Епл и Гугл.

Двете компании соопштија дека неколку американски сојузни држави и 22 други земји побарале пристап до нивните технологии, но засега не се знае колку на крајот ќе објават мобилни апликации кои ги користат.

Употребата на апликациите за брзо следење на контакти, во кои властите идентификуваат и тестираат луѓе кои неодамна биле во близина на носители на коронавирусот, се појави како потенцијална алатка за спречување нови епидемии.

Тоа би можело да им помогне на властите да тестираат повеќе потенцијално заразени лица, отколку што може со евентуално сеќавање на пациентите за неодамнешните интеракции.

Поврзани вести

Стриминг услугата GeForce Now веќе е достапна за Android

msp-admin

Кои се премиум телефоните, а кои се тие од средниот сегмент со најдобри перформанси во текот на месец мај? (фото)

msp-admin

Facebook ја купи најголемата колекција на GIF анимации за 400 милиони долари

msp-admin