СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Вселенската агенција бара испитаници кои ќе лежат во када пет дена

Европската вселенска агенција (ЕСА) објави дека бара испитаници за да истражи на кој начин бестежинската состојба влијае на луѓето. Заинтересираните учесници пет дека ќе лежат во када со вода и за тоа ќе бидат платени.

За тестирањето се бараат 20 жени, а објасниле дека ќе се користат посебно дизајнирани кади.

„Во кадите волонтерите ќе се чувствуваат како астронаутите додека лебдат во вселената. Ќе чувствуваат мал притисок и ќе им биде многу полесно да се одржат на површината“, рекле од Меѓународната вселенска станица.

Иако на многумина ова им се чини како идеална прилика за заработка, научниците тврдат дека тестирањето е многу сериозно и дека уживањето може да спласне многу брзо.

ЕСА се уште не открила колку ќе бидат платени учесниците, ниту кога започнува процесот на пријавување, но со оглед на сумата која волонтерите ја добиваа во претходните истражувања, многумина сметаат дека сумата ќе биде причично висока.

Минатата година НАСА, на испитаниците кои учествуваа во истражувањето за вметната гравитација спиејќи на кревет 89 дена, им исплати неверојатни 14.000 фунти.

Поврзани вести

Докажано: Ковид-апликациите за барање контакти го намалуваат бројот на инфекции со коронавирус

Влатко Зорба

Фотографии ја прикажуваат Motorola Razr со дисплеј на преклоп

msp-admin

Мајкрософт ќе се бори против јаглеродниот диоксид

msp-admin