СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Кинеска технологија препознава лица со маски со 95% точност

Кина веќе користи напредни системи за електронски надзор кои препознаваат лица со висока точност. Но, тие работат добро во нормални услови, кога лицето не е покриено. Сега компанија предложи решение за идентификување на луѓе кои носат маски на лице.

Hanwang Technology, позната и како Hanvon, тврди дека ја развила првата технологија во земјата за препознавања лица, способна да препознае човек, кој носи маска. Оваа технологија е особено важна во моментов, бидејќи повеќето Кинези носат маски заради епидемијата на коронавирус.

Развојот на новиот систем започна во јануари, забележува „Ројтерс“. Таа се заснова на докажана технологија во последните десет години, со база на податоци со приближно 6 милиони немаскирани лица и значително помала база на податоци со лица со маски.

Технологијата е сега достапна како комерцијално решение. Доаѓа во две варијанти: едноканална, кој е погодна за набљудување на влезовите на зградите и мулти-канална, која работи истовремено со неколку камери.

Според програмерите, втората опција може да идентификува околу 30 луѓе секоја секунда. Кога некое лице носи маска, точноста на препознавање е приближно 95%, а за луѓе без маска, системот постигнува точност од 99,5%.

Поврзани вести

Samsung Galaxy Fold 2 ќе има поевтина верзија и 256 GB меморија за складирање

msp-admin

Смартфоните на Samsung ќе можат да се користат и како POS терминали

msp-admin

Малициозен софтвер во 116 апликации за Android става во опасност повеќе од 2,5 милиони корисници

msp-admin