Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Зошто интернет прелистувачот на „Мајкрософт“ се однесува чудно во последно време?

И покрај пристигнувањето на новиот прелистувач на „Мајкрософт“ – Еџ, за кој податоците велат дека за побрзо време станал попопуларен од „Фајрфокс“ на Мозила, бројот на корисници на „стариот“ Internet Explorer меѓу корисниците на Windows не е мал.

Затоа „Мајкрософт“ започна да ги „принудува“ корисниците да користат Еџ. Според „Techdows“, корисниците на Internet Explorer започнале да „забележуваат чудно однесување“ на интернет-страниците што ги посетуваат, бидејќи постепено престануваат да го поддржуваат стариот прелистувач.

Кога корисник посетува веб-страница користејќи Explorer, Microsoft ја презема контролата и автоматски го испраќа корисникот на истата веб-страница, само за да ја „отвори“ во Microsoft Edge.

Бидејќи ова префрлување меѓу двата прелистувачи не е баш најсуптилниот потег, Мајкрософт мораше да им објасни понатаму на корисниците дека страницата што ја посетуваат не поддржува Internet Explorer.

Иако од ова е очигледно дека Мајкрософт вложува максимални напори да ги натера корисниците да го користат Еџ, ова префрлување може да се запре со внесување на напредните подесувања на Internet Explorer.

Сепак, причината поради која Мајкрософт прави ваков потег лежи во нестабилноста и (не) безбедноста на Explorer, кога софтверот на компанијата, во одреден момент, целосно ќе престане да го поддржува.

Поврзани вести

Првиот монитор на Huawei е достапен на глобално ниво

Влатко Зорба

Излезе фотографија со дизајнот на Google Pixel 4

msp-admin

Windows 10 ќе поправи проблем со случајно губење на податоците

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!