СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Тик Ток со нова промена: Се продолжува времетраењето на видеата?

Според неофицијални информации, Тик Ток започнал да ја менува својата стратегија и ќе овозможи продолжување на максималната должина на видеата – од сегашните 60 секунди на 180 (три минути).

Наводно, на некои корисници веќе им е дозволено да објавуваат подолги видеа, но целиот проект е во рана фаза и повеќето корисници засега нема да ја имаат таа опција. Процесот на промена започна пред неколку недели, а некои корисници го објавиle на Твитер, пишува „Engaget“.

Реакциите за овој потег се поделени, бидејќи ТикТок се здоби со популарност со кратки снимки што го задржуваат вниманието и со кои успеа да формира нов вид на визуелна комуникација.

Со зголемување на должината, Тик Ток ќе обезбеди повеќе простор за создавање видеа, но истовремено овој потег носи големи ризици, истакнува „IDJTV“. Продолжувањето на должината на видеата ќе ја намалат разликата помеѓу видеата направени за Тикток и, да речеме, Јутјуб. Имено, веќе имало компании кои (неуспешно) потрошилестотици милиони долари за развој на услуги што би се позиционирале помеѓу Тик ток и Јутјуб, но сите до една не успеале.

Поврзани вести

Бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 53.4 %

Влатко Зорба

Што ќе се случи со оние кои не ги прифаќаат новите правила на WhatsApp?

Влатко Зорба

Креаторите на Fortnite поднесоа тужба против Apple во Европа

Влатко Зорба