СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За прв пат воспоставена директна авиолинија Скопје – Киев

„Денеска на наше заедничко задоволство заедно со Амбасадорката на Украина н.е. Наталија Задорожњук и директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак отворивме нова фаза во развојот на авиосообраќајот. Иако овој сектор е силно погоден од Корона кризата, сепак успеваме онаму каде што државите ги олеснуваат протоколите за влез и излез, да воспоставиме нови или да ги одржиме авиолиниите за граѓаните“, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, откако денеска за првпат беше воспоставена директна авиолинија Скопје – Киев .

Авиолинијата Киев – Скопје е само потврда на нашата добра соработка со Украина. Би сакал да се заблагодарам на амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук за безрезервната поддршка која ја дава во однос на развивањето на пријателските односи помеѓу нашите држави и народи.
Убеден сум дека продолжуваме уште посилно да развиваме добри односи на економски, културен план и на планот на туризмот и инвестициите.
Честитки и за авиокомпанијата Виндроуз, што во ова време на Ковид криза се одлучи токму Скопје да го стави на својата мапа на дестинации.
Тоа се совпаѓа со определбите на оваа реформска Влада за обезбедување на услови за привлекување на странски инвестиции во функција на развој на нашата земја, посочи тој.

Токму нашите заложби како Влада е да создаваме услови за влез на авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани. Веќе можам да најавам дека овој месец ќе се воспоставиме нова авио линија кон Абу Даби за што веќе имаме потпишано договор, вели Бочварски.

Поврзани вести

Илон Маск повлекува два големи потега

msp-admin

Филип Морис Интернешнел добитник на наградата за најиновативна компанија за 2020 година

msp-admin

Колку луѓе ќе банкротираат од пандемијата на корона вирусот?

msp-admin