СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Компанијата на Безос ја носи првата жена на Месечината

Милијардерот Џеф Безос објави дека неговата компанија „Блу Ориџин“ ќе ја однесе првата жена на Месечината.

„Ова е (BE-7) мотор што ќе ја однесе првата жена на Месечината“, објави Безос на Инстаграм, заедно со снимка од проверка на моторот во Центарот за вселенски тестирања на НАСА, во Алабама.

„Блу Ориџин“ со години го развива моторот BE-7 и се натпреварува со компаниите на Елон Маск – „Спејс Х“ и „Даинетикс“ за договор за изградба на следниот систем на НАСА за слетување на Месечината.

НАСА е подготвена да избере две од трите компании „на почетокот на март“ во 2021 година кои ќе продолжат да ги градат своите прототипови на системи за слетување на мисии со екипаж.

Сепак, малите средства за системите за слетување што Конгресот ги стави на располагање на НАСА, како и неизвесноста поради доаѓањето на новата администрација, се закануваат дека одлуката на НАСА ќе биде одложена.

Поврзани вести

Lyft очекува да оствари профит една година порано од очекуваното

msp-admin

Winemaker dinner series во Дистрикт, со Château de Gourdon вината на Тиквеш

msp-admin

САД: Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл ја злоупотребуваат монополската позиција

msp-admin