СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои се најголемите профитери од пандемијата?

Пандемијата збогати некои претприемачи, додека други станаа уште побогати. Додека некои индустрии се во голема криза, други одеднаш станаа многу барани.

Меѓу освојувачите на круната се Германците, пишува Дојче веле.

Богат, дури и побогат, Џеф Безос

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос е надвор од секоја категорија. За време на пандемијата Амазон работи подобро од кога било. Цената на акциите скока од рекорд на рекорд. Безос, најбогатиот човек на светот и пред пандемијата, сега стана уште побогат и има 160 милијарди евра.

Елон Маск „фрли око“ на врвот

Правите автомобили, но тие ве вреднуваат како технолошка компанија! Елон Маск го стори тоа со „Тесла“. Неговата компанија профитираше од бумот што го предизвика пандемијата на берзата околу сè што има врска со технологијата. Претприемачот роден во Јужна Африка неодамна го престигна Бил Гејтс и со богатство кое моментално се проценува на 110 милијарди евра, се упати кон врвот, каде што е Безос.

Работа од дома – „Зум“

Работата од дома за време на пандемија е голем благослов за Ерик Хуан. Основачот на комуникациската платформа „Зум“, дошол во САД од Кина кога имал 27 години. По неколку години за WebEx, тој основа своја видео платформа и во 2019 година излезе во јавноста. Цената на акциите на „Зум“ експлодираше. Нето-вредноста на Хуан се проценува на 16 милијарди евра.

Спорт дома – „Пелотон“

Затворените спортски сали и ограничениот контакт одеа рака под рака со Џони Фоли. Во 2013 година, тој беше почетник и се обидуваше да собере капитал за неговата опрема за вежбање преку Интернет – денес, инвеститорите го „посипуваат“ со пари. Цената на акцијата на „Пелотон“ е тројно поголема од почетокот на пандемијата и неочекувано го направи милијардер речиси 50-годишникот.

Создавање онлајн продавница

„Шопифај“ е софтвер што им овозможува на трговците на мало сами да креираат онлајн продавници и да се поврзат со логистички компании. Тобијас Литке стои зад концептот. Роден во Кобленц во 2002 година, тој емигрирал во Канада и започнал – во гаража. „Шопифај“ сега е највредната канадска компанија. Цената на акцијата е двојно поголема од март, а богатството на 39-годишникот се проценува на 7,5 милијарди евра.

Одеднаш милијардер

Вакцината за корона развиена од „Бајонтек“ од Мајнц, компанија ко-основана и сопственост на Угур Сахин, беше прва во Европа што доби одобрение за масовна употреба. Ова значи дека Сахин, кој се доселил од Турција, не само што одеднаш стана светски познат, туку стана и исклучително богат. Вредноста на неговите акции се проценуваат на над две милијарди евра.

Готвење дома

„ХелоуФреш“ е компанија која предлага што да готвите и доставува пакет со сите состојки. Од почетокот на пандемијата – профитот е зголемен за три пати, продажбата е двојно поголема – според кварталниот биланс на почетокот на ноември. Ко-основачот и акционер Доминик Рихтер профитира од затворените ресторани и трендот кон готвење дома. Тој сè уште не е милијардер, но веќе ги има вистинските состојки – и за тоа.

Поранешна сопруга – и уште еднаш Амазон на врвот

Пандемијата и Амазон не го направија само Џеф Безос побогат – Меккензи Скот, неговата поранешна сопруга, исто така заработи добри пари благодарение на неговиот удел. Таа сега е на врвот на листата на најбогати жени во светот – со богатство проценето на скоро 60 милијарди евра.

Поврзани вести

Цената на нафтата „Брент“ над 65 долари за прв пат од јануари 2020 година

Влатко Зорба

„Голдман“: Бакарот е новата нафта, ќе чини 11.000 долари по тон

Влатко Зорба

Над 327,6 милијарди денари промет во трговија на мало

msp-admin