СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вработените во Google ќе работат од дома до септември догодина

Американската компанија Google објави дека нејзините работници ќе можат да работат од дома до септември 2021 година, а не до почетокот на летото (поточно – крајот на јуни), како што беше прво објавено.

Тие исто така најавија дека ќе ја испитаат идејата за “флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се врати во нормала. Ова значи дека вработените би можеле да изберат колку дена сакаат да работат од далечина, а колку да бидат присутни на работа, во канцеларија.

Сундар Пичаи, шефот на Google, вели дека овој вид организација може да придонесе за подобра продуктивност, соработка и општо добро на компанијата.

Поврзани вести

PayPal воведува плаќање со криптовалути

msp-admin

Волстрит „падна“ поради политичката нестабилност во Вашингтон

Влатко Зорба

BMW ќе го зголеми производството на возила во Кина

Влатко Зорба