Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Се срушија скоро сите услуги на Google, проблеми и во Македонија

Скоро сите услуги на Google се срушија! Започна со YouTube, продолжи со Gmail, а некои корисници исто така пријавија проблеми со Google Docs.

Сè започна околу 12,45 часот кога корисниците од целиот свет, вклучително и Македонија, започнаа да пријавуваат проблеми со работењето на нивната омилена услуга за споделување видео преку Интернет. Повеќето корисници воопшто не можат да пристапат до YouTube, се појавува само пораката „нешто тргна наопаку“ и илустрација на мајмун со алатка …

Сепак, наскоро започнаа проблеми со Gmail, но и со други услуги – Hangouts, Google Drive, Meet, Play …

Од компанијата сè уште нема објаснување што точно се случува.

Од оние кои пријавиле проблеми со YouTube, 54 проценти рекле дека не можат да пристапат на страницата, 42 проценти рекле дека не можат да гледаат видеа, а 3 проценти имале проблеми со најавување на самата страница.

Што се однесува до Gmail, 75 проценти од луѓето можат да се најават на страницата, 15 проценти воопшто не можат да пристапат до страницата, а 8 проценти од луѓето не добиваат пораки …

Поврзани вести

Создадени првите Вибер стикери со македонски знаковен јазик

Facebook развиваат апликација за препознавање на лица за вработени во компании

msp-admin

Епл и Гугл развиваат апликација за да ги пронајдат заразените со коронавирус

msp-admin