СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google претстави нова верзија на Android, моментално достапна само за одбрани

На својата конференција за девелопери, Google за прв пат покажа како ќе изгледа новата верзија на нивниот оперативен систем – Android 12.

Системот нема да биде достапен на просечните корисници уште некое време затоа што е достапен само во јавната бета верзија за паметните телефони на Google Pixel (Pixel 3 или понова). Но, корисниците на најновата серија уреди од OnePlus, Lenovo, Asus, Oppo, Realme, Sharp, Techo, TCL, Vivo, Xiaomi и ZTE имаат можност да ја испробаат бета верзијата.

Android 12 носи изобилство на нови функции, но новиот визуелен изглед е секако еден од највозбудливите. Покрај новите анимации, додатоци и променетиот екран за заклучување, Android 12 нуди и теми за промена на боите што се користат низ тој оперативен систем или само со промена на сликата во позадина.

Сепак, не сите драматични визуелни промени ќе бидат достапни во првата бета верзија. Тие треба да се појават со текот на времето кога се приближува датумот на официјалното воведување на овој нов ОС. Кога точно треба да биде ова, сè уште не е потврдено.

Google, исто така, се поигра со други аспекти на новиот Android, како што се системите за известување и брзите поставки. Тие направија и некои измени во приватноста и безбедноста, додавајќи индикатори за кога се користат фотоапаратот и микрофонот на вашиот уред.

Исто така, има полесен пристап до дозволите за сите апликации на уредот во еден прелистувач, пишува Zimo.

Паметни телефони кои моментално работат со Android 12 beta се:

Pixel 3, 3 XL; Pixel 3A, 3A XL; Pixel 4, 4 XL; Pixel 4A, 4A 5G; Pixel 5

Asus Zenfone 8

OnePlus 9, 9 Pro

Oppo Find X3 Pro (model CPH2173)

TCL 20 Pro 5G

Vivo iQOO 7

Xiaomi Mi 11, Mi 11 Ultra, Mi 11I, Mi 11X Pro

ZTE Axon 30 Ultra 5G

модели од Sharp, Tecno и Realme

Поврзани вести

Серијата Huawei P50 ќе има подобри Leica камери

Влатко Зорба

Neon – „вештачките луѓе“ на Samsung

msp-admin

China Mobile и Huawei заеднички го објавија новото 5G решение за повици

Влатко Зорба