СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоинот продолжи да паѓа, изгуби 30 отсто од својата вредност

Водечката криптовалута биткоин продолжи со забрзани загуби и денес, откако изгуби до 30 отсто пред малку да закрепне.

Тоа е реакција на предупредувањето на Кина и на пресвртот на односот на милијардерот Елон Маск во врска со криптовалутите.

Денес околу 15 часот и 40 минути по средноевропско време, биткоинот изгуби 17,35 проценти и падна на 35.799 долари,. Кога денес беше на најниско ниво, вредноста на биткоинот беше речиси половина помалку од нејзиниот историски рекорд на 14 април кога вредеше 64.669,78 долари. Сепак, сè уште беше повеќе отколку што вредеше на почетокот на годината.

После пресвртот во односот на „Тесла“ на Маск кон биткоинот, Кина „додаде сол на раната“ и изјави дека виртуелните валути не треба и не можат да се користат на пазарот затоа што не се вистински валути, соопшти аналитичар.

Криптовалутите „не се вистински девизи“ беше оценето денеска од неколку референтни кинески банкарски унии и предупредија на „шпекулации“ во земја која инаку се подготвува да издаде своја виртуелна валута.

Едно време, Кина беше едно од местата каде што беше силен биткоинот, најраспространетата од виртуелните валути.

Поврзани вести

Најголемиот „рудник“ на Биткоин планира ИПО од 500 милиони долари

Влатко Зорба

Cardano се претвори во најголемата „стејкинг“ мрежа

Влатко Зорба

Биткоин изгуби 8.000 долари за 15 минути

Влатко Зорба