СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

ЕК: Забрана за употреба на вештачка интелигенција за следење на луѓе

ЕУ ја регулира употребата на вештачка интелигенција, затоа ќе забрани „социјално оценување“, самостојно управуваните автомобили се под знак прашалник, а камерите во масите ќе можат да се користат само за безбедност, пишува „Вечерњи лист“.

Забранети се системите за вештачка интелигенција (АИ) што се користат за неселективно масовно набљудување, освен во исклучителни случаи кога е потребна безбедност. Исто така, ќе бидат забранети и АИ системите за социјално оценување, кои сè повеќе се користат за проценка на однесувањето на поединецот во општеството.

Сите видови на вештачка интелигенција кои се етикетирани како високоризични, вклучително и автомобили што управуваат самостојно и хируршки операции на далечина, ќе треба да поминат посебна инспекција пред употреба и ќе треба да се вршат под човечки надзор.

Компаниите што ќе се оглушат и прекршат новите регулативи ќе бидат казнети и ќе мораат да плаќаат до четири проценти од својата заработка на глобалниот пазар. ЕУ затоа сака да ја регулира употребата на вештачка интелигенција со нови регулативи и да забрани каква било употреба што го надминува опсегот или е во спротивност со основните принципи и вредности на Унијата.

Овие одредби се наоѓаат во нацрт-предлогот за употреба на вештачка интелигенција, кој сè уште може да се промени до следната недела, кога се очекува официјално да биде претставен од Европската комисија.

Поврзани вести

Прходите од видеоигри оваа година 160 милијарди долари, до 2023 година, индустријата за игри ќе прави над 200 милијарди

msp-admin

Претворете ги вашите фотографии во холограми со завидна леснотија (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Првиот 5G смартфон на Nokia чини 600 евра

msp-admin