СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google мапите ќе покажуваат добро осветлени улици

Популарната апликација Google Maps наскоро ќе излезе со многу корисна карактеристика што несомнено ќе ја зголеми безбедноста на потрошувачите на улиците ноќе, особено во областите со висок криминал.

Мобилната заедница XDA Developers ја забележа иновацијата при анализирање на бета-кодот на Google Maps. Пронајдени се знаци на нов слој во апликацијата – најосветлените улици се означени со жолта боја.

Експертите веруваат дека ова боење ќе им помогне на корисниците да избегнуваат улици со слабо или никакво осветлување. Новата функционалност сè уште не е официјално потврдена, но доколку се случи, тоа ќе ја зголеми безбедноста на луѓето на улиците ноќе.

Експертите од XDA Developers сугерираат дека Google ќе ја тестира иновацијата пред се во Индија. Ова е местото каде што се регистрирани некои од највисоките стапки на криминал во светот.

Поврзани вести

Apple со ново ажурирање на iOS 13

msp-admin

Facebook Pay ви овозможува бесплатно испраќање пари во Instagram, WhatsApp и Messenger

msp-admin

Хакери бараат од Acer највисок откуп досега

Влатко Зорба