СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft претстави нов таблет Surface Pro 7+ for Business (ВИДЕО)

Microsoft го претстави Surface Pro 7+ for Business – нова верзија на неговиот конвертабилен таблет од 2019 година, наменет за работници и студенти, пишува CNBC.

Уредот објавен денес доаѓа со нов Intel процесор и мобилна конекција, што значи дека можете да бидете онлајн, дури и кога немате безжичен интернет. Основниот модел чини 899 долари, а верзијата LTE започнува од 1.149 долари.

Растот на приходите од Surface се забрза во вториот и третиот квартал, бидејќи повеќе луѓе се свртеа кон купување на персонални компјутери за да продолжат да учат и да работат од дома. Сепак, влијанието на Microsoft на пазарот за овој вид хардвер останува помало од влијанието на играчите како што се Apple, Dell, HP и Lenovo.

Објавувањето на новиот модел покажува дека Microsoft повеќе експериментира со серијата Surface, користејќи го знакот „+“ за прв пат да го разликува производот, како што тоа го правеше Apple порано.

Концептот Surface е роден во 2012 година, кога Стив Балмер сè уште беше извршен директор. Сатја Надела го замени Балмер во 2014 година и со текот на времето го намали фокусот на потрошувачите, со излегување од пазарите како што се е-книги и стриминг на музика. Сега тука е Surface моделот, кој е погоден за деловни корисници.

Нормално, Microsoft лансира нов Surface Pro секоја есен, но во 2020 година, откако пандемијата на коронавирус ги погоди синџирите на снабдување на уредите како iPhone 12 на Microsoft и Xbox Series X, есента дојде и помина без да видиме нов Surface Pro 8, Портпарол на Microsoft одби да ги коментира плановите на компанијата.

Surface Pro 7+ for Business изгледа скоро исто како и другите Surface Pro уреди во последниве години. Ова е намерно.

Сопствениците на Surface Pro и соопштија на компанијата дека промените во дизајнот, како што е поместувањето на микрофонот, може да ги комплицираат работите за нив, изјави Робин Силер, корпоративен потпретседател на Microsoft.

Уредот нуди 1 терабајт внатрешна меморија и 32 GB RAM – колку што има во премиум моделот Surface Book 3.

Microsoft тврди дека батеријата трае до 15 часа, или колку што трае таа на Surface Pro X, кој работи на чип базиран на технологијата Arm. Стандардниот Surface Pro 7 има траење на батеријата до 10,5 часа.

Поврзани вести

Google ја укинува употребата на „колачиња“ и воведува FLoC: Еве што значи тоа

Влатко Зорба

Најмалку 10 хакерски групи ги знаеле недостатоците на Microsoft

Влатко Зорба

ЕУ воведува задолжителен АИ систем за нови автомобили? Сами ќе забавуваат ако се надмине брзината

Влатко Зорба