СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google планира построга заштита од следење во Android

Google истражува алтернатива на новата опција за следење во апликациите што Apple ја воведува како услов за развивачите на iOS. Слични мерки за приватност се очекува да се појават на Android.

Конкретно, Google сака да го ограничи собирањето и следењето на податоците помеѓу апликациите, бидејќи корисниците стануваат поинформирани и со оглед на конкурентските потези на Apple за рекламирање на новата функција во својот оперативен систем, објави Блумберг.

Мерките на Google ќе бидат „помалку строги“ од она што го прави Apple. Од корисниците нема да се бара да дадат изречна согласност да бидат следени пред да продолжат да ја користат апликацијата.

Android моментално им овозможува на корисниците да се „откажат од персонализирање на рекламите во системските преференци (Поставки> Приватност> Реклами) и да ги нулираат ИД.

Промените во iOS ќе стапат на сила оваа пролет и веќе се широко критикувани од рекламната индустрија. Од крајните корисници се очекува да се откажат од „следење“ по барање, така што повеќе нема да бидат прикажани персонализирани реклами. Редовното рекламирање на нивно место ќе биде помалку профитабилно.

Google сè уште е во рана фаза на развој на оваа иновација. Покрај тоа, според извори на Блумберг, компанијата „сè уште не одлучила кога и дали ќе ја направи промената“.

Поврзани вести

Безбедносна фирма предупредува дека LastPass за Android има седум вградени тракери

Влатко Зорба

Забрана за бензинци и дизел возила од 2030 година во Британија

Александар Петровски

Huawei постави светски рекорд за 5G брзина во Турција

msp-admin