СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Данска го гради првиот енергетски остров што ќе напојува 10 милиони домаќинства во Европа

Данска ќе гради вештачки остров во Северното Море, кој ќе служи како центар за ветерна енергија. Тој ќе има капацитет да снабди 10 милиони европски домаќинства со зелена енергија, пренесуваат светските агенции.

Инвестицијата е во вредност од околу 34 милијарди американски долари и предвидува изградба на платформа што ќе ја трансформира енергијата од морските ветерни турбини.

Ќе биде изграден на 80 километри од брегот на Јутланд. Островот се очекува да може да обезбеди зелена енергија на 3 милиони европски домаќинства во својата прва фаза, и после тоа
да достигнат капацитет од 10 милиони европски домаќинства.

Земјата си постави цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за 70% до 2030 година и да има нула емисии најдоцна до 2050 година.

„Центарот за енергија на Северното Море ќе биде најголемиот градежен проект во историјата на Данска“, рече данскиот министер за енергетика и комунални услуги Дан Јоргенсен.

И во моментов земјата обезбедува над 40% од потрошената електрична енергија од ветерни турбини. Данска е дом и на најголемиот светски производител на ветерници – Vestas Wind Systems.

Поврзани вести

Tesla доделува 1 милион долари на хакери кои успеваат да ги пробијат нивните системи

msp-admin

Катар инвестира 28 милијарди долари во најголемиот ЛНГ проект во светот

Влатко Зорба

Донирани леб, брашно и колачи на еднородителски семејства

msp-admin