СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei планира да произведува електрични автомобили

Според извори цитирани од Ројтерс, Huawei планира да влезе во производство на електрични автомобили. Компанијата годинава може да го претстави првиот модел со свој бренд.

Huawei преговара со BluePark New Energy Technology за производство на нов вид на производ. Овој потег е обид за проширување на портфолиото на производи на компанијата, чии активности беа сериозно погодени од санкциите на САД.

Портпарол на Huawei негираше дека компанијата планира да произведе или произведува сопствен електричен автомобил. Сепак, три од изворите на публикацијата наведуваат дека тој веќе развива дизајни за такви возила и се обратил до локалните добавувачи.

Проектот може да започне оваа година, а моделите ќе бидат насочени кон масовниот сегмент.

Продажбата на хибридни автомобили, целосно електрични или водородни автомобили се очекува да достигне 25% од вкупниот број во Кина до 2025 година. Оваа година се очекува да бидат продадени 1,8 милиони такви возила, во споредба со 1,3 милиони во 2020 година.

Huawei развива различни технолошки решенија за електрични возила, вклучувајќи софтверски системи, сензори и 5G комуникациски хардвер. Компанијата соработува со производители на автомобили, како што се Daimler AG, General Motors Co и SAIC Motor во оваа област.

Huawei, во меѓувреме, го забрза ангажирањето инженери за автомобилска технологија од 2018 година наваму.

Поврзани вести

По протерувањето на Карлос Гон – Нисан и Рено се соочуваат со крах на берзата

msp-admin

Организирана втора крводарителна акција на МБУ – над 50 студенти и вработени даруваа крв

msp-admin

ММФ со предупредување: Кризата со коронавирусот не е завршена

msp-admin