СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вредноста на Apple надмина двa трилиони долари

Технолошкиот гигант Apple денес стана првата американска компанија котирана на берзата со вредност од два трилиони долари.

Apple е првата компанија што успеала во ова, а пред само две години тие станаа првата компанија чија вредност на Вол Стрит беше над трилион долари.

Според „Ројтерс“, инвеститорите на Вол Стрит решиле да го игнорираат проблемот на Apple со поврзувањето на екосистемот на iPhone во корист на облози дека компанијата ќе биде уште поуспешна во светот по кризата со коронавирусот.

Компанијата ја удвои својата пазарна вредност за нешто повеќе од две години, Apple го скрши овој магичен лимит на берзата нешто пред 11:00 часот по источноамериканско време, кога цената на нејзините акции се искачи на 467,77 американски долари, јавува Си-Би-Би-Си.

Apple ја достигна претходната рекордна пазарна капитализација од 1.000 милијарди американски долари на 2 август 2018 година.

На Вол Стрит, се очекуваше дека производителот на iPhone ќе стане првата компанија што ја надминува вредноста од два трилиони долари.

На 31 јули, Apple го собори саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ од престолот и стана највредната компанија во светот чии акции се тргуваат јавно.

Акциите на Apple пораснаа за околу 60 проценти од почетокот на годината и скокнаа за повеќе од 120 проценти минатата година.

Компанијата ги објави најсилните деловни резултати за третиотквартал кон крајот на јули, вклучувајќи 59,7 милијарди американски долари приходи и двоцифрен раст на продажбата на своите производи и услуги, според CNBC.

Поврзани вести

ГРОБИШТА ЗА БРОДОВИ: Стотина крузери засидрени поради коронавирусот (ВИДЕО)

msp-admin

Nintendo подготвува „контранапад“: PlayStation и Xbox добиваат конкуренција

Влатко Зорба

„Генерал Моторс“ сака да ја победи Норвешка во трката со електрични возила – и го најми Вил Фарел да помогне (ВИДЕО)

Влатко Зорба