СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ангеловска: Со купување домашни производи даваме поддршка на домашната економија и зачувуваме работни места

Купувањето на домашните производи и летувањето во земјата не треба да се однесува само на корисниците на домашните платежни картички и ваучерите, туку треба да го практикуваат сите граѓани бидејќи на тој начин даваме поддршка на домашната економија и за зачувување на работните места.

Министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека овие две мерки се системски и промовираат повеќе промени кои треба да се воведат во општеството, како безготовинско плаќање, купување домашни производи, намалување на неформалната економија.

“Ова е многу повеќе од кампања, ова е многу повеќе од стимулирање на безготовинско плаќање, од важноста на плаќање со картичка – и поради ширење на заразата и поради тоа што тоа е начинот да се движиме кон современо општество. Воедно и поради сите аспекти како целосен голем и обемен проект кој навистина ќе придонесе да се амортизира ударот врз економијата и поради тоа што се работи за кампања за кревање на свеста, без разлика дали ја имаме картичката или ја немаме, сметам дека сите треба да бидеме свесни што значи купувањето на домашни производи, што значи одењето на одмор во земјата за економијата, за работниците за оние кои што се трудат и на кои им е потребна сега поддршката“, рече Ангеловска.

Министерката за финансии смета и дека во насока на поддршка на купување домашни производи е направена промената за да се враќаат 20% ДДВ преку апликацијата МОЈДДВ за купување на македонски домашни производи.

Поврзани вести

Цената на златото во 2021 година ќе доживее голем раст

Влатко Зорба

Шведска забранува 5G опрема на кинески Huawei и ZTE

msp-admin

МОТ и ЕБОР ја советуваат Северна Македонија за пазарот на трудот по корона вирусот