Стандард
ЕКОНОМИЈА

САД предупредуваат на пад на доларот следната година

Американската валута може да девалвира за една третина во 2021 година, предупреди претседателот на банката „Морган Стенли Азија“, Стивен Роуч и додаде дека ова може да доведе до нагло опаѓање на заштедите на домаќинствата и зголемување на државниот долг како резултат на успешно закрепнување по кризата на главните трговски партнери на САД, пренесе РТВ.

Роуч тврди дека ерата на „прекумерните привилегии“ на американскиот долар како главна резервна валута во светот ѝ се ближи крајот.

„Валутите воспоставуваат рамнотежа помеѓу внатрешната економска база на земјата и надворешната перцепција за нејзините јаки или слаби страни“, рече тој за „Блумберг“ и додаде дека рамнотежата во Соединетите држави се менува брзо, поради што може да се очекува пад на доларот во блиска иднина.

Тој потсетува дека од јануари до април индексот на доларот се зголеми за седум проценти, затоа што инвеститорите ширум светот ја гледаа американската валута како заштитено средство за време на кризата до коронавирусот.

Како резултат на тоа, сега, според проценките на Банката за меѓународни плаќања, вредноста на доларот е 33 проценти над минимумот од 2011 година, но веќе во 2021 година, тој лесно може да се врати на овие минимуми, губејќи 35 проценти.

Поврзани вести

Владата ја задолжи АД Електрани за постапка на ЈПП за продажба на ТЕЦ Неготино

Битиќи на консултативна средба со граѓански организации за секторски политики за конкурентност и иновации

Влатко Зорба

Нов економски пакет: Исплата на плата на работниците, помош за спортистите и уметниците

Берта Китинска
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!