СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Xiaomi Mi 11 Lite ќе има рамен екран

Xiaomi се очекува да го додаде моделот Lite во својата телефонска линија Mi 11. Најновата протечена фотографија ни дава подобар увид во дизајнот.

Според информациите, Xiaomi Mi 11 Lite ќе изгледа како стандарден Mi 11 на задната страна, додека од предната страна се очекува една главна разлика – екранот нема да има заоблени рабови, туку ќе користи рамен панел.

Ова е втор пат рендери од ваков тип да се појавуваат на Интернет за Mi 11 Lite. Пред околу еден месец, друг дојавувач предложи нешто слично – рамен екран и три камери на задната страна, поставени слично како моделот Mi 11.

Чипсетот, кој ќе работи со Mi 11 Lite, наводно ќе биде Snapdragon 732G. Сепак, овој чипсет нема поддршка за 5G, па постои можност овие информации да не се точни.

Објавувањето на Xiaomi Mi 11 Lite допрва доаѓа, а може да дојде и со Mi 11 Pro за кој гласините сугерираат перископ камера или Mi 11 Ultra, кој може да има секундарен екран на задната страна.

Поврзани вести

Пристигна најновиот производ на Маск: „Tесла текила“ (фото)

Никола Поповски

Google имаат тајно оружје на секој Android уред со кое ја следат и остануваат еден чекор пред конкуренцијата

msp-admin

Facebook Pay ви овозможува бесплатно испраќање пари во Instagram, WhatsApp и Messenger

msp-admin