СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Before We Leave“: Игра во која хероите излегуваат од изолација (ВИДЕО)

Игрите кои нудат искуство за населување на нови простори, честопати се премногу сложени, но исто така и агресивни, што не е по вкус на сите играчи. „Before We Leave“ нуди решение за овој проблем и ги следи граѓаните кои излегуваат од подземниот карантин и истражуваат свет, кој не им е познат.

Додека гради нови населби, играчот отклучува дополнителни ресурси и се шири на другите континенти. Програмерите понудија прв поглед на играта, а тоа е сценарио без насилство, па најголем предизвик е да се добијат извори на храна и простор за населување. Во тој процес нема војна и целта не е да се онеспособи противникот, туку да се стремиме кон зајакнување на заедницата што се гради.

Се очекува играта да биде достапна по добра цена, но сумата сè уште не е позната. Оние кои ја тестирале тврдат дека станува збор за стратегија која не е премногу сложена, но не е ни премногу едноставна, па затоа нуди златна средина која не е досадна и не плаши со комплицирани пресметки.

Поврзани вести

Маск ќе воведе вселенски интернет на Марс

Никола Поповски

Google ја укинува употребата на „колачиња“ и воведува FLoC: Еве што значи тоа

Влатко Зорба

Samsung со специјална „Star Wars“ верзија на Galaxy Note 10+

msp-admin