СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Брисел објави војна на злоупотребите на вештачката интелигенција

Употребата на вештачка интелигенција на начин што ги загрозува безбедноста или правата на луѓето треба да биде забранет или строго контролиран, изјавија официјални претставници на Европската унија, пренесува АП.

Европските службеници дојдоа до овие заклучоци при создавањето пакет регулативи за контрола на технологијата, која брзо се шири. Пакетот мерки многумина го дефинираат и како „последниот потег на ЕУ во нејзините намери да ја задржи својата улога на светски носител на стандарди за технолошко регулирање, чија цел е да биде во чекор со две технолошки суперсили – САД и Кина“.

Според официјалните претставници на ЕУ, креираните мерки ќе користат четири-степен „пристап базиран на ризик“, кој овозможува балансирање на важни права како што се приватноста и потребата за поттикнување на иновациите.

„Со овие клучни правила, ЕУ води во развојот на нови глобални стандарди за да се обезбеди доверба во АИ“, изјави за АП Маргарет Вестагер, извршен потпретседател на Европската комисија за дигитална ера. Вестагер исто така вели дека „поставувањето стандарди може да го отвори патот за етичка технологија низ целиот свет, што ќе обезбеди ЕУ да остане конкурентна на тој пат“.

Неприфатливата употреба на вештачка интелигенција би вклучувала „манипулирање со однесување, искористување на ранливоста на децата или користење на сублиминални техники“, рече потпретседателот на ЕК, додавајќи дека „ова може да биде случај кога играчка користи гласовни системи за да манипулира со дете за да направи нешто опасно“. Вестагер заклучува дека таквата злоупотреба нема место во Европа и затоа предлага нејзина забрана, пишува АП.

Што е со другите типови на „паметна технологија“?

„Биометриската технологија и технологијата за масовно набљудување на јавни места ја поткопуваат нашата слобода и ги загрозуваат нашите отворени општества“, изјави за АП Патрик Брејер, член на Европскиот парламент.

Другите апликации за вештачка интелигенција се сметаат за високоризични затоа што „ги нарушуваат важните аспекти на нашите животи, вклучително судовите, полицијата, критичната инфраструктура како што се транспортот – софтвер за самостојно возење – и управувањето со миграцијата, азилот и контролата на границата“, рече потпретседателот на ЕК Вестагер но таа, исто така, забележува дека употребата на сето погоре е пожелно, „под услов операторите да ги следат правилата“.

Нацрт-регулативата се занимава и со апликации за вештачка интелигенција кои претставуваат „ограничен ризик“, како што се чат-ботови, кои треба да бидат обележани за луѓето да знаат како да комуницираат со машина, според АП. Повеќето АИ апликации, како што се спам филтрите, нема да бидат променети со новите правила, можеби само подобрени, изјавија официјални лица.

За да помогне во развивање на стандарди и имплементација на правила што важат за сите видови на вештачка интелигенција во ЕУ или за употреба на систем што влијае на луѓето во блокот, Комисијата предлага формирање на Европски комитет за вештачко разузнавање.

Официјални претставници на ЕУ, обидувајќи се да ја надминат кинеската и американската технолошка индустрија, рекоа дека правилата ќе го поттикнат растот на индустријата, стекнување доверба во системите за вештачка интелигенција и воведување правна јасност за компаниите, заклучува АП.

Поврзани вести

Излезе фотографија со дизајнот на Google Pixel 4

msp-admin

Амазон ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица

msp-admin

Apple за следната година подготвува 10,9-инчни OLED iPad Pro и OLED Macbook Pro?

Влатко Зорба