СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

YouTube воведува проверка на факти при пребарувања

YouTube, видео-услугата во сопственост на Google, во вторникот објави дека во Соединетите држави, во обид да се бори против дезинформациите на таа платформа во време на епидемија од коронавирус, ќе започне со прикажување текстови од трети страни и врски со докажани факти.

Информациите и статиите што се верификувани ќе бидат прикажани на пребарувања како „ковид и ибупрофен“ или „ковид-19 е биолошко оружје“, но и на пребарувања како „дали торнадо го погоди Лос Анџелес“.

Социјалните мрежи како Facebook и Twitter се под голем притисок да го потиснат ширењето на дезинформациите поврзани со пандемијата од коронавирус, од лажни лекови до теории на заговор.

YouTube на својот блог објави дека неколку десетици американски издавачи и медиуми, како што се FactCheck.org, PolitiFact и Washington Post Fact Checker, ќе учествуваат во нејзината мрежа за проверка на фактите. Не беше откриен целосен список на соработници.

YouTube неодамна започна да се поврзува со Светската здравствена организација и Центарот за контрола и превенција на болести на САД, како и со локалните здравствени услуги.

Видео-платформата не откри колку пребарувања сега ќе покажат врски до потврдени факти, и најави дека ќе потрае „некое време“ за да се активира системот.

Поврзани вести

Преземени се дури 4,2 милијарда пати: Апликации за Андроид кои можат да ги украдат сите податоци од вашиот мобилен телефон

msp-admin

Samsung ги претстави Neo QLED, MicroLED и Lifestyle линијата телевизори во склоп на CES 2021

Влатко Зорба

Следниот iPad Pro со Mini-LED дисплеј може да дојде во март

Влатко Зорба