Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft ги поедноставува ажурирањата за Windows 10

Microsoft работи на нови и поедноставни начини за инсталирање на драјвери и ажурирања на Windows 10, со исклучок на тие за безбедност, објави MyDrives, врз основа на информации за новата верзија на Windows 10 Build 19536.

Корисниците нема да мора да користат апликации од таканаречени трети страни кои инсталираат драјвери и скоро ќе заборават на Device Manager, кој сега често се користи за инсталирање или отстранување на драјвери.

Microsoft ќе додаде алатки за инсталирање на драјвери, како и ажурирања на оперативниот систем (но не и за безбедност) на Windows 10. Корисниците ќе можат да работат со нив од едно место.

Новиот систем се очекува да биде пуштен во употреба со следното големо ажурирање на оперативниот систем Windows 10 – најверојатно во пролетта 2020 година.

Поврзани вести

Google ја регистрираше трговската марка „Pigweed“ за нов оперативен систем

msp-admin

Промовирана новата конзола: Сони го претстави Плејстејшн 5 (видео)

msp-admin

Апликацијата „Messenger“ не функционира

Никола Поповски
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!