СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Премиерата на AirPods Pro 2 и iPhone SE (2021) ќе биде во април

Apple планира да ги изненади своите многубројни потрошувачи со премиерата на два атрактивни производи, кои ќе ги видиме во следните недели. Првиот е безжичните слушалки AirPods Pro 2, кои со нетрпение ги очекуваат фановите на компанијата. Новиот модел ќе се продава со покомпактна кутија и официјално ќе бидат претставени во април.

Дизајнерите на компанијата ќе се обидат да го гарантираат истиот изглед, но дополнително да ја намалат големината на безжичните слушалки. Според BGR, ова ќе важи и за торбичката за носење, која ќе биде со димензии 46х54 милиметри. За споредба, актуелните вредности за AirPods Pro се 45,2×60,6 mm. Дебелината во двата случаи е 21 милиметар.

Во оваа фаза нема детали за другите подобрувања што треба да се очекуваат во AirPods Pro 2. Компанијата работи на друг модел кој ќе изгледа како AirPods Pro, но нема да вклучува технологија за намалување на бучавата и ќе биде поевтина.

Технолошкиот гигант ќе претстави друг уред заедно со AirPods Pro, но ова нема да биде уште еден аудио додаток. Apple ќе ја реализираат премиерата на третата генерација на iPhone SE на истиот настан каде ќе го видиме AirPods Pro 2. Новата верзија на паметниот телефон веројатно ќе има 5,5-инчен дисплеј и ќе работи со помоќен процесор.

Потсетуваме дека iPhone SE (2020) беше претставен во април 2020 година. и се чини дека компанијата ќе ја повтори оваа стратегија оваа година. На есен, ќе го видиме iPhone 13, а Apple се обидува да го искористи максимумот од шест месеци помеѓу двете премиери за да реализира солидна продажба на iPhone SE (2021).

Како што се приближува настанот, ќе дознаеме повеќе за цената и техничките спецификации на буџетскиот уред.

Поврзани вести

MediaTek Dimensions 1000 5G – 8-јадрен процесор за смартфони со поддршка на 5G и Wi-Fi 6

msp-admin

Google Play: Пристигнуваат апликации за коцкање

Влатко Зорба

Автопилот: Што „гледа“ возилото на „Тесла“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба