СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Signal изгрева за сметка на WhatsApp

WhatsApp неодамна воведе нови услови за користење за својата услуга, кои овозможуваат поголем пристап до корисничките податоци на Facebook, чија филијала е. Измените не влијаат на потрошувачите во ЕУ, но во другите региони има сериозно незадоволство од едностраната одлука на компанијата.

Како резултат, платформата за разговор Signal добива сериозна популарност и на најголемите мобилни платформи, Android и iOS. Дури и Елон Маск препорача да се префрлите на апликацијата. Платформата ја користат и луѓе како Едвард Сноуден и Џек Дорси.

Signal е во првите редови на преземањата на Play Store во голем број земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија и Франција. Апликацијата нуди криптирана конекција од крај до крај, а соодветниот софтвер е со отворен код.

За разлика од другите услуги, не собира метаподатоци што можат да бидат поврзани со корисниците. Интересот на потрошувачите за Signal е толку голем што претходните денови имаше задоцнување во испратените кодови за верификација.

Поврзани вести

Microsoft Mesh – платформа за работа од далечина во проширена реалност (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Facebook Messenger овозможува да разговарате со пријателите во виртуелна реалност

Влатко Зорба

За прв пат: Пилот управува дрон од 2000 км. растојание

Влатко Зорба