СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple работи на надворешна батерија со магнет за iPhone

Apple ќе ја прошири употребата на системот MagSafe во iPhone користејќи го за прицврстување на надворешни батерии. Ова го откриваат извори на „Блумберг“, кои додаваат дека батеријата ќе може безжично да го полни уредот на кој е прикачен. Изданието пишува дека компанијата го развива додатокот најмалку една година, а плановите се да се објави по објавувањето на серијата iPhone 12.

Засега нема точни информации кога да се очекува овој додаток, но постои можност тој да не биде пуштен во продажба – знаеме што се случи со полначот AirPower. Според изворите, некои од прототипите на батеријата имале бела гумена обвивка, а во внатрешните тестови магнетите MagSafe се покажале доволно силни, за да ја фиксираат батеријата добро на едно место.

„Блумберг“ посочува дека развојот доцнел поради софтверски проблем што предизвикал iPhone погрешно да посочи дека батеријата се прегрева. Компанијата работеше и на отстранување на проблемите со употребата на батеријата со телефони со и без футрола. Неодамна во бета верзијата на iOS 14.5 имаше инфо за надворешна батерија, но подоцна беше отстранета.

Други информации откриваат дека Apple разговарал за други додатоци со MagSafe, вклучувајќи држач за автомобил, но неговиот развој никогаш не започнал. Компанијата, исто така, ја истражи можноста да им дозволи на своите уреди меѓусебно да се полнат безжично, но според Блумберг, тоа тешко дека ќе се случи во блиска иднина.

Поврзани вести

Opera за Android сега поддржува теми и криптовалути (ВИДЕО)

msp-admin

Brainster креираше бесплатна дигитална алатка за кариерно насочување

msp-admin

Linux проект се позиционира како Windows 12 Lite

msp-admin