СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Започна продажбата на хибридниот Cosmo Communicator

Фановите на PDA уредите со тастатури QWERTY сигурно со интерес ја следат работата на британската компанија Planet Computers и поточно создавањето на хибридниот паметен телефон Cosmo Communicator.

Пишувавме за проектот пред една година кога започна неговата кампања за групно финансирање и продажбата требаше да започне во текот на летото. После неколку месеци одложување, ова е веќе факт, а уредот може да се купи преку веб-страницата на компанијата за 799 фунти (937 евра), при што испораката ќе започне следната недела.

Cosmo Communicator е инспириран од класични уреди како Psion Series 5, Nokia Communicator и Sharp Netwalker. Корените на уредот, всушност, може да се пронајдат назад кон Psion, бидејќи во неговиот дизајн беше вклучен Мартин Ридифорд, кој стои зад создавање на оригиналната Psion Series 5. Инаку, кампањата за финансирање на Cosmo Communicator успеа да привлече 1,86 милиони евра од скоро 4.000 луѓе.

Моделот е всушност ажурирана верзија на неговиот претходник Gemini, која беше финансирана од 7.000 ентузијасти, но се појавија разни поплаки, на пример, квалитетот на звукот при разговорот и ниската резолуција на камерата. Уредот нуди два екрани на допир со дијагонала од 2 и 6-инчи и камера од 24 MP, додека во отворена состојба е достапна тастатура QWERTY.

Во однос на хардверот, наоѓаме чипсет на MediaTek P70, 6 GB RAM меморија, 128 GB меморија и батерија од 4220mAh. Достапна е и хардверска тастатура со позадинско осветлување, сензор за отпечатоци, двојни звучници и две USB-C порти.

Оперативниот систем е Android 9.0, но има планови за поддршка на Sailfish, Linux Debian и Linux Kali.

Поврзани вести

Податоци од смартфони продавани на разузнавачките служби на САД

Влатко Зорба

Андроид се наоѓа на повеќе од 3 милијарди активни уреди

Inseego и Net4 ги здружија силите за да испорачаат 5G решенија за приватните мрежи низ Европа

Stefanija Kuzmanovska