СТАНДАРД life
Здравје

3 здравствени придобивки од сокот од целер

Сокот од целер, пијалок кој се прави со цедење на овој зеленчук, забележа пораст на популарноста поради неговите потенцијални здравствени придобивки.

Иако првенствено се состои од вода, сокот од целер е исто така низок со протеини, масти, јаглени хидрати, влакна и шеќер. Експертите за исхрана укажуваат на неколку можни придобивки од овој пијалок.

Сокот од целер потенцијално обезбедува одредени здравствени придобивки. Сепак, важно е да се забележи дека „истражувањето за специфичните придобивки и резултати од сокот од целер е крајно ограничено и/или спроведено на животни“, забележа нутриционистот Моник Ричард за „Форбс“.

Може да го подобри варењето и здравјето на цревата

Сокот од целер е корисен за варењето и за здравјето на цревата.

„Со цедењето на целерот механички ќе се разложат неговите нерастворливи влакна, кои се корисни за варење, регуларноста на цревата и чистење на нашиот дигестивен тракт, како и за хранење на добрите бактерии во нашите црева“, вели Ричард.

Диететичарката Алисон Тепер објаснува дека „неисцедениот сок од целер исто така може да му помогне на дигестивниот тракт правилно да функционира“.

Можни антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти

Целерот содржи антиоксидантни соединенија кои ги неутрализираат слободните радикали во телото и на тој начин го намалуваат ризикот од развој на хронични болести, вели Ричард.

Фитохемикалиите во сокот од целер може да имаат антиинфламаторни ефекти, придонесувајќи за целокупното здравје.

Способност за регулирање на крвниот притисок

Тепер забележува дека некои истражувања сугерираат дека сокот од целер може да помогне во регулирањето на високиот крвен притисок.

Студија од 2021 година покажала позитивна промена во крвниот притисок откако 74-годишен маж со историја на хипертензија конзумирал сок од целер на дневна основа шест месеци. Сепак, тоа било само едно истражување, а резултатите не биле конечни, пренесува Index.

„Ако се конзумира во количини кои најчесто се наоѓаат во храната или во умерени порции, генерално е безбеден и хранлив“, вели Ричард.

Сепак, таа забележува дека бремените или доилките треба да имаат на ум дека конзумирањето на големи количини масло или семки од целер може да има стимулирачки ефект врз матката и затоа треба да се избегнува.

И покрај можните придобивки, важно е да се консумира сок од целер како дел од урамнотежена исхрана. Експертите ја нагласуваат различноста во исхраната и го препорачуваат целиот зеленчук како оптимален извор на хранливи материи.

Поврзани вести

Имате висок крвен притисок? Направете ги овие работи наутро и намалете го

Radmila Tasevska

Симптоми поради кои треба да престанете да пиете кафе

Radmila Tasevska

Четири знаци кои откриваат дека внесувате премногу кофеин во вашето тело

Radmila Tasevska