СТАНДАРД life
Шоубиз

Џесика Алба отишла на психотерапевт со ќерката: „Секогаш бев нејзин негативец“

Актерката Џесика Алба откри како таа и нејзината ќерка оделе на терапија. Признала дека одењето на разговори и го спасило семејството, пишуваат странските медиуми.

Алба се појави на насловната страница на списанието Real Simple за јануари и февруари и реши да зборува за менталното здравје на своето семејство. „Онор веројатно имаше 11 години и цело време се каравме за глупави работи. А јас реков: „Не сакам да живеам вака. Ова не е забавно“, рекла актерката.

Таа објаснила дека нејзината ќерка секој нејзин збор го сфаќала како причина за караница, па решила да побара стручна помош. Ова требало да и објасн дека таа не сака да ја контролира. „Она што и го кажав на Онор беше: „Сакам да бидам подобар родител за тебе, и ова е твоето место да зборуваш за се што правам што ти ги активира нервите“, рече таа.

По неколку патувања кај терапевтот, сфатиле како тоа навистина им помага. „Тоа ѝ даде малку перспектива – дека не сум негативец; јас сум само родител“, рече Алба, додавајќи дека терапевтот и помогнал на нејзината ќерка да разбере дека таа не мисли ништо лошо и дека децата не секогаш се согласуваат со нивните родители.

Да потсетиме, убавата актерка во 2004 година се омажи за продуцентот Кеш Ворен, со кој се запозна на снимањето на научно-фантастичниот спектакл Fantastic Four. Заедно имаат три деца, ќерките Онор Мари и Хевен Гарнер и синот Хејс.

Поврзани вести

Ози и Шерон Озборн се дотераа како Канје Вест и Бјанка Ценсори (ФОТО)

Radmila Tasevska

За улогата на Вили Вонка, Шаламе работел со најдобриот учител по пеење

Urednik

Ѕвездата на „Сексот и градот“ штрајкува со глад за да повика на траен прекин на огнот во Газа

Urednik