СТАНДАРД life
Здравје

Дали е подобро да се јаде црно или бело грозје?

Грозјето делува како природен тоник на организмот, го забавува стареењето, односно спречува деменција и дегенеративни заболувања на очите. И црното и белото претставуваат еликсир на младоста, но за добар сон заслужно е само едно од нив.

Иако има бројни сорти, повеќето потрошувачи знаат за бело и црно грозје.

Црното грозје треба да биде што е можно потемно, скоро црно, а кога гроздот ќе се разниша зрната не треба да испаѓаат.

Кожата од црно грозје е многу значајна затоа што е богата со фенолни супстанции кои му даваат боја и вкус, а на луѓето здравје.

Содржи и ресвератрол полифеноли, антоцијани, катехини и кверцетин. Тие се антиоксиданти кои уништуваат штетни материи, како и слободни радикали кои можат да предизвикаат тумори.

Ја чуваат и проодноста на артериите со што се намалува ризикот од срцеви заболувања.

Го намалуваат и згрутчувањето на крвта и го намалуваат лошиот холестерол.

За ресвератрол докажано е дека позитивно влијае на менталните и другите функции на мозокот, намалувајќи го ризикот од мозочен удар.

Црното грозје би требало да се јаде што е можно почесто и поради калиум, манган, витамини Ц, Б1 и Б6. Но и поради изобилството на растителни влакна, калциум и железо.

Истражувањата покажаа дека црното грозје го зголемува нивото на мелатонин, хормон неопходен за добар сон.

Белото грозје е на многу начини слично на црното. Има приближно иста енергетска вредност, што значи околу 20 проценти шеќер, но во однос на црното грозје е сиромашно со феноли. Исто така не е претерано богато ни со калиум и калциум.

Поврзани вести

Ве „изгорела“ медуза? Еве што треба да направите!

Urednik

Кардиолог ја откри попладневната ужина што ја јаде речиси секој ден

Radmila Tasevska

Овие намирници се полни со магнезиум: Го зајакнуваат организмот

Radmila Tasevska