СТАНДАРД life
Здравје

Дали страдате од кашлица и течење на носот? Еве колку долго би можеле да траат респираторните инфекции

Во последните денови има многу луѓе со респираторни инфекции. Во светот доминираше тројна епидемија, односно инфекција со коронавирус, респираторен синцицијален вирус (РСВ) и грип.

Симптомите на настинка обично ќе бидат полоши во првите неколку дена, но течење на носот или упорната кашлица може да трае до 14 дена. Сепак, симптомите на грип, РСВ, коронавирус и други вируси обично траат седум дена, но може да траат и до две недели. Луѓето кои имаат состојби како астма може да се борат со симптомите подолго време.

д-р. Лена Вен изјави за Си-ен-ен дека оние кои страдаат од симптоми повеќе од две недели без подобрување треба да одат на лекар. Луѓето кои имаат отежнато дишење, чувствуваат болка во градите или се борат со неможноста да задржат течности, треба да се јават кај својот лекар што е можно поскоро.

Дополнително, доенчињата, постарите лица и оние со постоечки медицински состојби се изложени на поголем ризик да развијат тешки симптоми и треба да побараат лекарска помош порано од просечниот поединец.

Вен, исто така, предупреди дека вирусната инфекција може да се развие во бактериска доколку не се лекува.

„Што се однесува до превенцијата, измијте ги рацете, кашлајте во ракавот, не тријте ги очите, носот и устата и редовно вакцинирајте се“, апелира д-р Филип Хуанг до ABC News.

Покрај вакцините против коронавирус и грип, Европската комисија го одобри Arexvy во јуни 2023 година, првата вакцина за заштита на лицата постари од 60 години од болести на долните дишни патишта предизвикани од респираторен вирус.

Поврзани вести

Се препорачуваат 500 грама неделно: Овие групи луѓе треба да избегнуваат црвено месо

Radmila Tasevska

Три знаци во устата кои можат да сигнализираат за недостаток на витамин Б12

Urednik

Која е разликата помеѓу напад на паника и напад на анксиозност?

Urednik