СТАНДАРД life
Балкан микс

📸 Рака под рака, одлично координирани во модата: Цеца и Анастасија маѓепсаа на премиерата на филмот „Недеља“

Мајка и ќерка меѓу првите го гледаа филмот за познатиот Џеј чија премиера се одржуваше синоќа во салата на МТС.

Пејачката Светалана Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија Гудељ синоќа го маѓепсаа Белград откако се појавија на премиерата на филмот „Недеља“.

Премиерата на овој филм се чекаше долго и сега голем број познати личности се собраа да го видат филмот меѓу првите.

Цеца и Анастасија одлично се поклопија со нивните стилови. И двете се одлучија за модерни одела во сива боја, а тоа на Анастасија беше во карирана варијанта.

Интересните детали на панталоните на Цеца веднаш привлекоа внимание, а адут на Анастасија беше црната скапа бунда, која ѝ правеше топло, но беше и совршен моден детаљ, кој ја разби монотонијата на сивата боја и ги натера сите да ја забележат.

Анастасија за оваа прилика малку го промени имиџот, скратувајќи ја косата, па можеше да се слушне дека изгледа подобро од било кога.

Двете беа расположени цела вечер, а бидејќи Цеца за овој филм ја отпеа песната „За крај“, не е чудно што заедно нетрпеливо чекаа да видат како се ќе испадне на крајот.

Поврзани вести

(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН ТРИЛЕР НА НЕБОЈША ГЛОГОВАЦ Филм снимен во 2015 година, никој не го гледал!

Urednik

Наташа Шавија примена во Ургентен центар: Претепаната старлета чека уште една операција

Radmila Tasevska

Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот концерт, публиката фрлаше петарди околу бината

Urednik