Сезоната на мандарини пристигна, а во продолжение прочитајте ги сите здравствени придобивки од ова слатко-кисело овошје.
Мандарината, како и другите цитрусни овошја, е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот и борбата против сезонските болести, чии симптоми ги ублажува и го забрзува закрепнувањето.
Во сто грама од ова овошје има околу 30 милиграми од оваа хранлива материја, што задоволува една третина од дневната потреба за витамин Ц.
Погодни се за слабеење
Поради малата количина на масти и сол, мандарина се смета за нискокалорична храна, а се препорачува за луѓе кои сакаат да ослабат. Исто така, го забрзува метаболизмот, а со тоа помага во топење на масните наслаги во пределот на стомакот.
Го помагаат варењето
При консумирање на мандарини, не треба да се заборави на белата влакнеста обвивка што го опкружува плодот од внатрешната страна на кората. Ако јадете многу јаглехидрати и масти, тој дел од цитрусното овошје полн со диетални влакна ќе ви помогне да го забрзате успореното варење. Поточно, мандарината ја забрзува цревната перисталтика.
Го чуваат срцето
Мандарината е добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем.