СТАНДАРД life
Здравје

ИМА ПОВЕЌЕ ОД 200 ВИДОВИ ГЛАВОБОЛКИ: Шест сигурни знаци дека страдате од мигрена

МОДЕРНАТА медицина познава повеќе од 200 видови главоболки, меѓу кои мигрената е една од најчестите.

Мигрената може да биде секојдневна, но кај повеќето се јавува еднаш или двапати месечно. Станува збор за силна главоболка придружена со гадење и повраќање и општа слабост, поради што Светската здравствена организација ја рангираше мигрената на листата на топ 10 причини за неспособност за работа, а со оглед на тоа дека жените трипати почесто страдаат од неа, меѓу нив во првите пет причини отсуство од работа.

Во лекувањето на мигрената најголемо значење им се придава на антимигренските лекови кои даваат одлични резултати кај повеќето пациенти. Но, имајќи предвид дека секоја мигрена значи и стомачна блокада, за нејзино најефективно санирање подобри се оние лекови кои не мора да се земаат. На светскиот пазар постојат лекови против мигрена кои се вдишуваат преку нос, во форма на самопримени инјекции или супозитории.

Пред да посегнете по лекот за мигрена, најважно е да одредите од каков тип на главоболка страдате.

Ова се сигурни знаци дека страдате од мигрена:

Засилено сетило за мирис

Кога ќе се појави мигрена, сите сетила се засилени, особено сетилото за мирис. Тие понекогаш предизвикуваат гадење.

Пулсирање

Многу пациенти се жалат дека во главата слушаат мало пулсирање и чукање на срцето, што може да биде показател дека имаат мигрена. Се случува кога ќе ја допрат главата да почувствуваат пулсирачка вена.

Трепкање или точки

Кога ќе започне мигрена, може да дојде до благ наплив на електрична енергија, што се манифестира како блескави точки или краткотрајни трепкања во видното поле.

Слабост и пецкање

Мигрената влијае и на сензомоторните нерви, кои слабеат под нејзино влијание. Поради ова, тогаш може да почувствувате слабост и пецкање низ целото тело.

Бран на гадење

Многу болни од мигрена чувствуваат гадење и вртоглавица, а повраќањето не е невообичаено. Кога ќе се активираат мозочните нерви, тие влијаат на цревата, поради што се јавуваат такви поплаки.

Болка на едната страна

Иако мигрената ја погодува целата глава, типично е дека боли само едната страна. Дури се случува болката да се појави во окото или само на задниот дел од главата. На секоја страна од главата има терминален нерв, но кога ќе започне мигрена, само еден е активен.

Поврзани вести

Размислете двапати пред да донесете егзотични растенија дома. Еве што не смеете да правите

Radmila Tasevska

5 работи што треба да ги направите пред да уживате во утринското кафе

Urednik

Автофагија: Како да знаете дали е за вас или не?

Urednik