СТАНДАРД life
Здравје

Најдобрите три совети по миењето на нашата коса

Сите сме слушнале и знаеме добро за сказната дека косата е едно од најголемите богатства на жената.

Таа е она што умее да ги привлекува сите погледи за секунда и спокојно може да се претвори во најголемата гордост за една дама.

Убавата фризура сепак, бара одредени грижи за косата со кои ќе ја поштедиме или барем намалиме штетата и ќе го „извадиме“ најдоброто од неа на видик.

За целта собравме за вас топ 3 совети кои дефинитивно треба да ги знаете, ако сакате да имате убава коса.

1. Сушењето со фен е подобро

Многу пати сме паѓале на совети во кои се препорачува да го замениме фенот и да оставиме влакното да се исуши само. Најновите истражувања покажуваат дека, сепак, тоа е многу поштетно, отколку едноставно да користиме фен. Зошто? Зашто времето во кое косата се суши сама е многу подолго и тоа ѝ овозможува на водата да протегне во кутикула и да го зголеми ризикот од кинење на влакното. Смело фатете го фенот и не му ја мислете!

2. Секогаш користете крпа

Првото нешто што треба да го направите кога ќе излезете од бањата е да користите крпа за косата. Впивањето на дел од влагата помага да избегнете цветање и раштркани влакна. Во никој случај не претерувајте со притисокот, туку само нежно масирајте.

3. Не чешлајте влажна коса

Под никакви околности не треба да чешлате влажна коса, дури всушност, апсолутно заборавете на оваа практика. Потсетуваме за златното правило дека чешлањето при влага и вода води само и единствено до кинење на влакното и расцветани краеви.

Поврзани вести

Што кажува урината за нашето здравје и кога е потребно да побараме лекарска помош?

Urednik

Дали треба да пиете кафе со чаша вода?

Radmila Tasevska

Банани за појадок? Еве зошто треба да ги прескокнете

Radmila Tasevska