СТАНДАРД life
SONY DSC
Здравје

Овие пет намирници никогаш не смеете да ги подгревате

Многу пати се случува после ручекот или вечерата да ви остане храна, па следниот ден повторно да ја подгреете за да ја потрошите. Сепак, д-р Стејси Дуванж од Институтот за природни ресурси на Универзитетот во Гринич во Лондон, предупредува дека има намирници на кои треба да се внимава кога повторно ќе ги загреете ден или два откако ќе бидат подготвени.

Еве на која храна треба да внимавате, за да го зачувате вашето здравје и хранливата вредност на храната:

Ориз

Пред да се свари, оризот содржи бактерија наречена Bacillius cereus. Готвењето ја убива оваа бактерија, но остатоците може да содржат спори кои можат да предизвикаат гастроинтестинални заболувања, вклучувајќи повраќање и дијареја. Оризот треба брзо да се стави во фрижидер по готвењето и да не се чува повеќе од 24 часа.

Јајца

Јајцата се богати со протеини и не треба повторно да се загреваат. Оксидацијата на протеините може да ги оштети клетките и не е здрава опција. Јајцата консумирајте ги ладни во рок од 24 часа по готвењето.

Печурки

Со загревање на печурките, можете да ги уништите нивните протеини и хранливи материи, што може да предизвика губење на вкусот и горчина. Ако печурките се оставени предолго на собна температура, може да предизвикаат проблеми со желудникот и варењето.

Спанаќ

Спанаќот и зелката се богати со нитрати, кои се корисни за здравјето, но загревањето може да ги претвори нитратите во нитрити, а потоа во нитрозамини, кои можат да бидат штетни. Се препорачува да се избегнува повторно загревање на спанаќот.

Морска храна

Морската храна може повторно да се загрее, но внимавајте при подготовката и чувањето по готвењето за да спречите расипување.

Поврзани вести

Симптом на тумор на мозокот може да се појави додека јадете, предупредуваат лекарите

Urednik

Поповски: Успехот во спортот се постигнува преку правилно практикување на трите основни столба: тренинг, исхрана, одмор

Urednik

Колку јајца можете да јадете на ден без да ви се зголеми холестеролот?

Radmila Tasevska