СТАНДАРД life
Здравје

Пијте го ова смути на празен стомак и ќе се изненадите од резултатот!

За многу луѓе губењето на вишокот килограми изгледа како невозможна мисија, па многу брзо се откажуваат од процесот.

Потребна е силна волја, но и промена во исхраната. Според нутриционистите, постојат намирници кои освен што го забрзуваат метаболизмот, можат да ви помогнат и да ги намалите килограмите. Има четири состојки, вели „Експрес“, а рецептот е погоден дури и за почетници.

Тоа е зелено смути кое го балансира нивото на шеќер во крвта, ја спречува желбата за шеќер, го подобрува варењето и спиењето, ве хидрира и го подобрува вашето расположение.

Можете да додадете и овошје и зеленчук, во зависност од тоа што имате во кујната.

Дополнително, пијте доволно течности, бидете физички активни најмалку 150 минути неделно и читајте ги декларациите.

Состојки:

  • грст шумско овошје
  • две чаши кокосова вода
  • половина авокадо
  • зелено овошје или зеленчук ( спанаќ, целер, јаболко…)

Подготовка:
Сè изблендирајте и испијте го на празен стомак.

Поврзани вести

Четири едноставни начини како да пиете повеќе вода и да останете хидрирани

Radmila Tasevska

Спанаќ – зошто е корисен за телото?

Radmila Tasevska

Нутриционистите ги советуваат жените да ги земаат овие четири додатоци во исхраната

Radmila Tasevska