Секој треба да пие кафе. Истражувањата покажаа дека кафето е корисен пијалок и дека секој треба да пие барем една шолја дневно. Секако, неконтролираното пиење кафе во големи количини не може да биде добро, па ако сте од оние кои пијат по една шолја кафе на неколку часа, тогаш веднаш сменете ја лошата навика.
Истражувачите од Универзитетот Харвард дошле до заклучок дека мажите кои пијат само една шолја кафе секој ден имаат 8 отсто помали шанси да добијат дијабетес. Друга студија покажа дека мажите кои пијат една до две шолји дневно имаат 26 отсто помали шанси да развијат камења во бубрезите или други бубрежни заболувања.
На Универзитетот за рак на Хаваи, истражувачите исто така спроведоа неколку тестови поврзани со кафето и дојдоа до многу интересни резултати. Нивните резултати покажаа дека мажите кои пијат две до три шолји кафе дневно имаат 36 отсто помали шанси да добијат рак на црниот дроб.
Финците ги тестирале и здравствените ефекти на кафето. Тие откриле дека мажите кои пијат повеќе кафе имаат помали шанси да станат депресивни. Тие биле многу попозитивни и посреќни.
Значи, ако сакате кафе и уживате во него, повелете, но запомнете, две до три шолји дневно се доволни, сè што е над тоа може да предизвика контра ефект и да му наштети на вашето здравје.