СТАНДАРД life
Здравје

Симптом кој укажува на покачен крвен притисок, а се јавува во текот на ноќта

Високиот крвен притисок или хипертензијата во медицинските кругови се нарекува и „тивок убиец“ бидејќи често не покажува никакви симптоми, поради што засегнатите луѓе не чувствуваат промени додека не го измерат притисокот за прв пат или пак од друга, посериозна страна додека не се јават симптоми. Долготрајниот висок крвен притисок може да предизвика многу здравствени проблеми, вклучително и срцеви заболувања.

Токму затоа лекарите предупредуваат дека е потребно навреме да се реагира штом се појават симптоми кои би можеле да укажат дека имаме проблеми со висок крвен притисок. Иако не се појавуваат често, постојат некои предупредувачки знаци. Еден од нив се јавува најчесто во текот на ноќта, а се работи за често будење од сон.

Лекарите објаснуваат дека во овој случај станува збор за таканаречена ноќна хипертензија, која е подеднакво опасна како и дневната хипертензија. Исто така, многу луѓе често го игнорираат овој симптом мислејќи дека е предизвикан од некои други, помалку опасни состојби, што ја отежнува дијагнозата.

Други симптоми кои укажуваат на висок крвен притисок вклучуваат зголемено потење, чувство на анксиозност, проблеми со видот и црвенило на лицето.

Поврзани вести

Клучен витамин што треба да го земате во зима: Ова се знаци дека имате недостаток

Radmila Tasevska

КАДЕ СЕ ПРОНАОЃАТЕ: Дали знаевте дека постојат дури 7 видови на мамурлак?

Urednik

НАМАЛЕТЕ ЈА АНКСИОЗНОСТА НА ПРИРОДЕН НАЧИН: „Скратете“ на шеќер, сол и кофеин

Urednik