СТАНДАРД life
Здравје

Три несакани последици од прекумерното консумирање јајца

Несомнено е дека јајцата имаат многу здравствени придобивки, како што се помагање во контролата на тежината, подобрување на здравјето на очите и обезбедување на различни хранливи материи, од протеини до омега-3 масни киселини.

Сепак, не треба да претерувате со консумацијата на јајца. Што може да се случи ако јадеме премногу јајца?

Запек

Јајцата имаат многу протеини, но не и влакна кои го помагаат варењето. Недостатокот на влакна доведува до запек, па затоа се препорачува да се јадат јајца со храна богата со растителни влакна, како спанаќ и домати, пренесува Index.hr.

Акни и мозолчиња

Акните се предизвикани од високото ниво на хормонот прогестерон, кој е присутен во јајцата. Значи, ако одеднаш забележите акни на вашата кожа, можеби ќе сакате да внимавате колку често консумирате јајца.

Надуеност

Јајцата се идеален појадок за некои, но не и за оние кои се чувствителни на нив.

Чувствителноста на јајцата се манифестира со надуеност и гасови. Нетолеранцијата на јајца значи дека не можете правилно да сварите одреден елемент во јајцето или дека можеби немате одреден ензим во вашето тело што може да го разложи.

Ова не само што ве прави подуени, туку може да почувствувате и стомачни болки, главоболки и напнатост.

Поврзани вести

Зошто треба да јадеме банани: Новите научни сознанија го поддржуваат ова егзотично овошје

Urednik

Нешто ве боли? Пуштете музика, таа делува како аналгетик, велат научници

Urednik

Ова овошје треба сите да го јадеме почесто, одлично влијае на целокупното здравје

Radmila Tasevska