СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Како да се зголеми интимноста по сексот?

Прегратките и долгите разговори после секс се меѓу начините да ја засилиме врската со партнерот, но има и некои други работи кои би можеле да ги правиме и кои не само што ќе бидат од корист за зголемување на интимноста, но и ќе ја продолжат забавата …

Да се направи масажа

Многумина го користат овој чекор, за да иницираат секс преку релаксација и физичка интимност, но масирањето по љубовните бакнежи може да го зајакне односот помеѓу нас дури уште повеќе.

Бидејќи очигледно не ја користиме масажата како средство да добиеме секс, тоа е одличен начин да го натераме партнерот да се чувствува згрижен и сакан.

Има и бонус – масажата помага за синтеза на хормони кои нè држат и се потопуваат во уште подлабока состојба на релаксација.

Да се наситиме (еден на друг)

Кој вели дека треба да се храниме облечени? Кога се храниме еден со друг, додека сме голи во кревет, останува чувство за нестандартност и помага да достигнеме друго ниво во интимноста со партнерот.

Да читаме еден на друг

Сè повеќе парови утврдуваат дека читањето на извадоци од книгата после секс ѝ помага на интимноста и го зајакнува односот помеѓу нив. Читањето на истата книга, исто така, обезбедува и различни теми за дискусија.

Да го повториме сексот

Ако сè уште се чувствувате возбудени, секогаш можете да повторите. Според истражувачите како мажите така и жените можат да достигнат до оргазам повеќе од еднаш.

Поврзани вести

Бектеши: Трговските центри да работат и во недела

Влатко Зорба

Рада Манојловиќ на прославата ја красеа со банкноти, па клекнаа пред неа: По ова пејачката остана во шок (ФОТО)

Radmila Tasevska

СЛЕДУВА ПРОМЕНА ВО ОБЛАСТА НА ПАРИТЕ: Овие три хороскопски знаци ДЕНЕС доживуваат ВАЖЕН пресврт!

Radmila Tasevska